Пријателите на Македонија и Бугарија во Конгресот на САД ќе ја предводат групата за ЕУ
Конгресмените Брендан Бојл и Џо Вилсон, кои ги предводат групите за пријателство со Северна Македонија и со Бугарија во Конгресот на САД, ќе раковидат и со конгресната Група за соработка со Европската унија.
Конгресменот Бојл ќе ја извршува оваа задача истовремено и како копретседавач со Групата за пријателство со Северна Македонија и македонската заедница во САД, додека конгресменот Вилсон е на чело на Групата за пријателство со Бугарија.
Конгресмените Бојл и Вилсон, пренесува Гласот на Америка, ќе работат на унапредување на односите со ЕУ, покрај нивниот ангажман во македонската и бугарската конгресна група.
Македонската група за пријателство има 32 членови, конгресмени од Демократската и Републиканската партија, а во бугарската има околу 12 конгресмени.