Прифатени се околу 5.000 приговори на средношколци и студенти за домашната платежна картичка
Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години, соопшти вечерва Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на нејзиниот Фејсбук профил.
„Во текот на утрешниот ден овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат“, истакна Ангеловска.
Таа објаснува дека проверка на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови се очекува да се финализира проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори.
Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори.
До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори.
Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, уверува Ангеловска.