Преживеал сообраќајка со „ферари“ при брзина од 300 км/ч (Фото)


 

Грешките се скапи, а само ретки имаат можност да преживеат и да раскажуваат за тоа.

При брзина од 300 км/ч секој возачки маневар може да биде потенцијално опасен. Секое агресивно свртување на управувачот ќе резултира со фатална несреќа.

Возач (59) на „ферари“ во Германија имал невидена среќа и ќе има една од најинтересните животни приказни. Преживеал судар при брзина од 300 км/ч, а притоа не повредил ни еден друг учесник во сообраќајот.

Страшната несреќа се случила на патот А9 меѓу Минхен и Нирнберг. Возачот зпретекнувал и од неутврдена причина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда.

Автомобилот сопрел по стотина метри, а возачот само полесно е повреден. Неговиот скапоцен SF90 Stradale pпотполно е уништен. Штетата изнедуваоколу 450.000 евра.

Германските патишта се познати по тоа што на одредени делници нема ограничување на брзината, но кога ќе предизвикате сообраќајка, мора да докажете дека не е предизвикана од голема брзина.