Претставата „Ноќ на боговите“ ќе гостува во МНТ

Во оваа трагикомедија со елементи на фарса играат српските актери Војин Ќетковиќ во улогата на Луј XIV, Дејан Луткиќ во улогата на Дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на Молиер.
Оваа динамична драма на Гавран за љубовта, пријателството и владеењето во изминатите 25 години имала 19 театарски премиери низ светот.
Авторот Миро Гавран за оваа своја драма вели дека е полна со неочекувани пресврти со кои се дава изобилство материјал за градење уверливи улоги.