Смртта на претседателот на Атинската трговска и индустриска комора, Михалос, ги шокираше бизнисмените во Грција и во регионот


Константинос Михалос, претседателот на Атинската трговска и индустриска комора (АЦЦИ), беше пронајден мртов во неговата канцеларија во фабрика во Крионери, североисточно од Атина, пишуваат грчките медиуми.
Михалос (61) бил пронајден во несвест од неговата сопруга и бил однесен во болница каде што била констатирана смрт.

Причината за неговата смрт е срцев удар, пренесе Катимерини.
Крионери беше зафатен од голем пожар, што беше причина властите да повикаат на евакуација.
Порталот ГТП, пишува дека Михалос, бил пронајден во неговата индустриска извозна компанија SWAN SA – со седиште во Крионери, Атика, која во тоа време беше загрозена од еден од многуте пожари во петокот.
Роден во 1960 година, Михалос студирал финансии и политички науки на Универзитетот во Есекс во Обединетото Кралство и продолжил постдипломски студии за финансиски апликации на Лондонската школа за економија и политички науки (МСЦ).
Од 1988 година тој беше претседател и главен извршен директор на SWAN SA, индустриска компанија за извоз специјализирана за производство на природни производи од латекс.
Од 1993 до 2005 година, Михалос беше избран член на одборот на ACCI. Во 2002 година тој беше избран во Одборот на директори на Арапско-грчката трговска и развојна комора, а во 2004 година беше назначен за потпретседател на комората. Во 2003 година беше избран за претседател на Асоцијацијата на претпријатија на регионот Северна Атика.
Во периодот 2004-2005 година работел како виш советник во Министерството за развој и од 2005 до 2006 година бил генерален секретар на Министерството за економија и финансии.
Михалос беше и претседател на Сојузот на грчките стопански комори.
Во соопштението, ACCI ја изрази длабоката тага на комората за загубата на Михалос.
„Трговскиот сектор остана сирак“, соопштија од ACCI.
Во негов помен, ACCI одлучи да донира 30.000 евра за Општина Дионисос за набавка на противпожарно возило. ACCI, исто така, ќе го почитува животот на Михалос со преименување на зградата на седиштето на улицата Америкис во центарот на Атина по нејзиниот претседател.
„25 години ги бранеше интересите на стотици илјади грчки компании и нивните вработени“, се вели во соопштението на Сојузот на грчките стопански комори по повод смртта на претседателот.
Веста за смртта на Михалос ја шокираше бизнис заедницата во Грција.

По повод по повод ненадејната смрт на претседателот на Унијата на Стопанските комори на Грција и на Атинската комора за трговија и индустрии, Костантинос Михалос, телеграма со сочувство до Унијата на Стопанските комори на Грција упати и  Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Како што соопштија од Стопанската комора, Азески и Михалос имале долгогодишна одлична соработка на полето на бизнис заедницата.

На 17 јуни 2021 година, од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на грчки комори и на Атинската комора за трговија и индустрии, Константинос Михалос, беше потпишан Меморандум за соработка, со што се верификуваше досегашната долгогодишна соработка што ја имаат двете најголеми бизнис асоцијации од двете земји и беше најава за креирање Агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на трговската размена, зголемување на инвестициите, како и подобрување на условите за работа на бизнис заедниците од двете земји. На свечениот чин, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески, посочи дека е чест да се соработува со г-динот Микалос кој е претседател на најголемата деловна заедница од Грција, што ќе поттикне уште повеќе да се отвораат можности за македонските бизнисмени да бидат активни во Грција, но и зедничка соработка на бизнис асоцијациите и компаниите од двете земји на проекти и настани, соопштија од Стопанската комора на Северна Македонија.