Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ


Фото: Б. Грданоски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, на вториот ден од официјална посета на Црна Гора, ќе има средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.

Вчера, Сиљановска Давкова во Цетиње оствари средба со својот домаќин, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, а беше одржан и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

По одржувањето на заедничката прес-конференција двајцата претседатели засадија дрво на пријателство во дворот на претседателската резиденција.

Претседателката Сиљановска Давкова вчера во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.