„Преспав“ со нови епизоди. Продолжуваат интригите и во пандемија (видео)


Kаков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами … и понекој турист – на официјалната Facebook страница на „Преспав“ ја најавија новата сезона од хумористичната серија.

Првата епизода од македонската серија се емитуваше пред четири години и по само неколку епизоди, сите се вљубивме во неа.

Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат. Ова, пак, е причина за многу конфликти и комични ситуации во кој ќе се препознае речиси секој.

Наскоро можеме да ја очекуваме новата, петта сезона од серијата која ќе се емитува на МРТ1.

Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели .

Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.