Премиерот Мицкоски во посета на Хрватска, потпишување спогодби во делот на здравството и образованието


 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Република Хрватска на покана на неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ.

Во Загреб, премиерот Мицкоски освен со хрватскиот премиер, ќе оствари средба и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор, Жељко Реинер. 

Во фокус на разговорите ќе биде евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка, како и предизвиците на патот кон целосна интеграција на земјите од Западен Балкан. На средбите се очекува да стане збор и за можностите за натамошно интензивирање на соработката на сите полиња, особено во делот на економско-трговската соработка. 

Во рамки на посетата денеска ќе бидат потпишани и две спогодби во областа на здравството и образованието со кои ќе се унапредува меѓусебната соработка преку размена на искуства и проекти од заеднички интерес.