Премиерот Мицкоски утре патува во Германија, ќе присуствува на 62. Минхенска безбедносна конференција


Премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе отпатува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 62-та Минхенска безбедносна конференција, соопшти владината прес-служба.

Мицкоски ќе биде придружуван од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во рамки на конференцијата, планирани се повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни организации.

Од Владата информираат дека теми на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот и улогата на Северна Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен партнер во НАТО. Премиерот, како што стои во соопштението, ќе ја реафирмира позицијата на државата за потребата од предвидлив и фер процес на пристапување во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

На маргините на конференцијата, предвидени се и средби со претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади.