Премиерот Мицкоски ја избегна блокадата од синдикалците, дојде порано на работа
Синдикалците денеска на протестот пред Владата не успеаја да го блокираат премиерот Христијан Мицкоски, односно да го натераат пешки да дојде на работа. Премиерот на работа дојде нешто пред да почне блокадата на булеварот „Илинден“, каде што е сместен објектот на Владата, па слободно „се прошета“.
Она што им падна во очи на присутните е тоа што премиерот влезе во зградата на Владата на главниот влез, а не преку гаражата. Можеби на овој начин сакаше да упати и порака до синдикатот.
Инаку, ССМ денеска огранизираше блокада на Владата, една од трите по сличните собири пред Собранието и Стопанската комора, со цел да упати порака и да побара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите други плати по 6 илјади денари.