Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица


Левица објави денес дека премиерот Христојан Мицкоски и министерот Панче Тошковски го  изгубиле спорот што го покренале против партијата за наводно нарушен углед и достоинство од страна на оваа партија.

„Предметот на тужба е видео-соопштението на Левица насловено ‘Фирми на Анѓушев и Мицкоски добиваат тендери во Општина Кисела Вода’. Судот ја одби оваа небулозна и суетна тужба на Мицкоски и Тошковски, чиј проблем со Левица е тоа што не е дел од мафијашко-политичките врски кои ги обединуваат ДПМНЕ и СДС со олигархијата. Левица ќе продолжи да биде најизразена опозициска партија и ќе продолжи да посочува на криминогената природа и врски со олигархијата на ДПМНЕ – како на централно ниво, така и на локално.

Откако ДПМНЕ го уништија Скопје до ниво на нефункционалност, извесно е следната година за градоначалник на град Скопје да биде предложен Орце Ѓорѓиевски – со цел да се донесе генерален урбанистички план во кој ќе има плен за целата олигархија, проверена пракса во Општина Кисела Вода каде е и моментално градоначалник“, стои во соопштението на Левица.