Премиерот Ковачевски во прва официјална посета на Брисел


Премиерот  Димитар Ковачевски утре и задутре, прв пат откако е на функцијата, ќе оствари официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел. Тој утре наутро ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9.30 часот.

Попладнето премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола. Средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена во петок претпладне.

 Ковачевски ќе има средби и со  членови на Европскиот Парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската Комисија.

Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.