Предавање на германскиот сценограф Јан Папелбаум
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/04/ја-на.jpg)
Јан Папелбаум е еден од најинвентивните современи театарски сценографи во германскиот и европски театар, резидентен сценограф во „Шаубуне“ во Берлин, кој соработува со етаблираните режисери Томас Остермајер, Фалк Рихтер, Том Кунел …
-Негови најпознати сценографии се од претставите со специфични сценско-режисерски поставки, како „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Хеда Габлер“, „Елдорадо“ … каде што сензибилно, вешто, досетливо и непредвидливо ги спојува наративното од драмскиот текст, визијата на режисерот и сценографското дожувување на реалноста инспирирана од антропологијата на секојдневниот живот – животот и луѓето во и вон градовите денес и тука, соопшти Музејот на современа уметност.
Јан Папелбаум ќе зборува за своето сценографско искуство и неговото место во современиот театар, за германскиот театарски систем и неговата соработка со најталентираните современи режисери денес.
Покрај предавањето, утре и задутре ќе се одржи и стручна работилница за современа сценографија, во соработка со афирмирани и активни македонски сценографи, визуелни уметници, режисери и архитекти.