Позната најновата листа на најбогати луѓе во светот: Еве кои се изненадувањата


Легендарниот инвеститор Ворен Бафет во јуни откри дека донирал акции на Беркшир Хатавеј во вредност од околу 5,3 милијарди долари. Тоа, заедно со благ пад на вредноста на неговите акции, беше доволно да го смести три места подолу меѓу најбогатите луѓе во светот, на 10-то место, од 1 јули. Ова е најниското рангирање за Бафет, најдарежливиот човек на планетата, во последните неколку години.

Тој е еден од само двајцата луѓе во топ 10 кои паднаа на листата овој месец. Францускиот магнат за луксузни производи Бернар Арно – кој беше најбогатиот човек на светот од февруари до крајот на мај – падна на третото место бидејќи акциите во неговата групација LVMH паднаа втор месец по ред.

Илон Маск го задржа првото место, благодарение на многу добриот јуни. Акционерите на производителот на електрични автомобили гласаа во корист на Маск, дозволувајќи му да задржи речиси 50 милијарди долари во опции засновани на перформанси.

Иако Форбс ќе продолжи да ги намалува опциите на Тесла за 50 отато додека тој не ги добие – се очекува долг процес на жалби – неговото богатство сè уште порасна за 11,1 милијарди долари од 1 јуни и скоро 19 милијарди долари во изминатите два месеци. Нето вредноста на Маск најверојатно наскоро ќе се зголеми од SpaceX, за која се вели дека продава акции во понуда од 210 милијарди долари – од 180 милијарди долари минатиот декември (Маск поседува околу 42 отсто од акциите).

Џеф Безос, чие богатство порасна за 15,5 милијарди долари во последниот месец, се искачи на второто место бидејќи пазарната капитализација на „Амазон“ за прв пат надмина 2 билиони долари кон крајот на јуни.

Најголем добитник во јуни беше Лари Елисон, чие богатство се зголеми за 26,8 милијарди долари на околу 173 милијарди долари, бидејќи акциите на „Оракл“ достигнаа највисоко ниво на сите времиња.

Најбогата жена на светот и понатаму е Франсоаз Бетанкур Мајер од Франција чие богатство се проценува на 89 милијарди долари и е 15-та најбогата личност во светот. Таа е сопственичка на козметичкиот гигант „Лореал“.

Вкупно 10-те најбогати луѓе во светот вредат 1,66 билиони долари – околу 76 милијарди долари повеќе отколку пред еден месец. (Извор: Форбс)