Пожарот бил во ресторан во Лисиче – повреден сопственикот


Фото: Б. Грданоски

МВР со детали за пожарот кој се случи доцна синоќа во скопско Лисиче.

– На 18.05.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во населба Лисиче, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот на објектот Ф.Д.(32) е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

Извршен е увид.

Според тоа што јавија неколку медиуми, се работи за ресторанот „Калај“.