Пожар во стан во Тетово, почина еден човек


Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вчеравечер по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70.

– Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19>05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово

Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе детали ќе соопштат денеска.