Пожар во поранешната фабрика „ОХИС“
Центарот за управување со кризи извести дека од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената фабрика „ОХИС“.
Како што соопштуваат од ЦУК, во фабриката е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата.
Известени се БППЗ на град Скопје.
Како што извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, гаснењето на пожарот во Охис е во завршна фаза.
– Нема информации за горење на било какви опасни материи, кажа Ангелов и додаде дека откако ќе биде изгаснат ќе имаат повеќе информации за пожарот.