Повторно пожар во галиите во Вардар

Пожар вчеравечер избувнал во галијата на реката Вардар, што се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј ин“ во центарот на главниот град, информираа за МИА од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Пожарникарите веднаш излегле на терен и со навремена рекација интервенирале во гаснењето на пожарот
Комантирот на Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски кажа дека пожарот се гаснел со едно возило и пет пожарникари.
Инаку ова не е прв пожар во оваа галија. И пред 2 години избувна пожар во сега напуштената галија. Иако имаше најави за нејзино отстранување сепак таа остана на местото каде што е.