(Видео) Повредени полицајци при претрес во КПД „Идризово“, нашле ножеви, мобилни, дрога…
Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.