Повреден градежен работник, метален калап му паднал врз глава


Фото: Б. Грданоски

Утрово, при изградба на зграда во Аеродром повреден е градежен работник. 

Според очевидци, тој бил кранист, а врз главата му паднал метален калап за столбови.

Повредениот е пренесен во болница, а ќе се истражува  што довело до несреќата и дали се почитуваат безедносните протоколи.

Градежните работници во Македонија често страдаат поради непочитување на безбедносните мерки за заштита на работно место, а работат на секакви временски услови.