Повозрасни лица од Кочани наседнуваат на измами преку телефонски повици
Во изминатиот период во ОВР Кочани граѓаните пријавиле повеќе кривични дела „измама” кои се извршени врз повозрасни лица.
Сторителите ги доведувааат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со смртни последици, информира СВР Штип.
Од МВР предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.