Повик за учество на работилницата „Женскиот поглед” во МСУ
Работилницата вклучува отворени дискусии на тема „Женскиот поглед (наспроти традиционално машкиот“ и ќе ги постави прашањата што претставува тој, како се доживува, дали воопшто постои, и доколку постои – како се применува во контекст на визуелните уметности, како и индивидуална работа на текст и слики.
Работилницата се организира во соработка со Калиа Димитрова од „Медуза“ – феминистичка платформа создадена за девојки, жени, родови и сексуални малцинства.
– „Женскиот поглед” е отворена за сите кои би сакале да пишуваат за уметноста и културата од женската позиција, наведува МСУ. Бројот на учеснички и учесници на работилницата е ограничен, а заинтересираните треба да пратат кратко мотивациско писмо и контакт-информации на [email protected].
Работилницата е дел од програмата на изложбата „Родови перцепции” која се реализира во соработка со Британскиот совет, а која претставува 39 дела од 25 македонски и британски авторки, меѓу кои Трејси Емин, Сара Лукас, Лубаина Химид, Анета Светиева, Моника Мотеска. Оваа изложба во МСУ може да се посети до 12 август.