Повеќето смртни случаи од КОВИД-19 можеби се поради поинаква инфекција, открива нова научна студија

Висок процент луѓе на кои им била потребна респираторна поддршка поради инфекција со корона вирус развиле и секундарна бактериска пневмонија, покажа новото научно истражување.


 

КОВИД-19 повеќе не е пандемија, но научниците сè уште работат напорно за да разберат повеќе за вирусот што ја предизвикува болеста и неговото влијание, вклучително и како новиот коронавирусот влијае на телото и предизвикува смрт.

Висок процент од луѓе на кои им беше потребна поддршка од респиратор поради КОВИД-19, исто така развиле секундарна бактериска пневмонија, покажа новото научно истражување. Токму оваа пневмонија беше одговорна за повисоката стапка на смртност од инфекција со коронавирус.

Поверојатна причина за смрт

Поинаку кажано, иако КОВИД-19 можеби ги носеше пациентите во болница, всушност, инфекцијата предизвикана од употреба на респиратор беше поверојатно причина за смрт бидејќи не се случи реакција на лекувањето.

„Нашата студија ја нагласува важноста на превенцијата, откривањето и агресивниот третман на секундарната бактериска пневмонија кај критично болни пациенти со тешка пневмонија, вклучително и оние со КОВИД-19“, вели Бенџамин Сингер, пулмолог на Универзитетот Нортвестерн во Илиноис.

Рушење на идејата за цитокинска бура како причина за смрт

Тимот на Сингер ги прегледа записите на 585 лица примени на одделот за интензивна нега во болницата Нортвестерн Меморијал во Илиноис. Сите имале тешка пневмонија и/или респираторна инсуфициенција, а 190 од нив имале и КОВИД-19. Користејќи пристап за машинско учење за да ги анализираат податоците, истражувачите ги групираа пациентите врз основа на нивната состојба и времето поминато на интензивна нега.

Резултатите од тоа истражување ја побиваат идејата дека цитокинската бура по инфекција со коронавирус или масивниот воспалителен одговор што предизвикува откажување на органите, е одговорен за значителен број смртни случаи. Во новата студија, кај испитаните пациенти не беа пронајдени докази за откажување на повеќе органи. Наместо тоа, пациентите со КОВИД-19 имаат поголема веројатност да развијат пневмонија поврзана со респираторот и тоа на подолги периоди. Случаите во кои таквата индуцирана пневмонија не реагирала на третман биле значајни, во однос на вкупната стапка на смртност, според студијата објавена во Journal of Clinical Investigation.

Проблем со кој треба да се позанимаваме во иднина

„Оние кои биле излечени од нивната секундарна пневмонија имале поголема веројатност да преживеат, додека оние чија пневмонија не се решила имале поголема веројатност да умрат. Нашите податоци сугерираат дека смртноста поврзана со самиот вирус е релативно мала, но другите работи што се случуваат за време на престојот на интензивна нега, како што е секундарната бактериска пневмонија, го компензираат тоа“, посочува Сингер.

Резултатите од оваа студија сугерираат дека исходите на интензивна нега би можеле да се подобрат доколку има подобри стратегии за дијагностицирање и лекување на епизоди на пневмонија поврзана со респиратор. Американските научници забележуваат дека ова е нешто што треба да се реши во иднина.

Релативно долгиот престој на пациенти со КОВИД-19 на вентилатори е првенствено последица на продолжената респираторна инсуфициенција, што ги става во поголем ризик од секундарна пневмонија, пишуваат авторите на студијата.

Резултатите од студијата, исто така, ја нагласуваат потребата од понатамошно проучување и претпазливост кога се прават претпоставки за причината за смртта во случаите на КОВИД-19. Деталната молекуларна анализа од истата студија треба да открие повеќе за тоа што ја прави разликата помеѓу закрепнувањето и смртта од секундарна пневмонија.

Помош од вештачката интелигенција е добредојдена

Понатаму, тоа е уште еден пример за тоа како вештачката интелигенција може да обработи огромни количини на податоци и да забележи обрасци што им бегаат на луѓето, без разлика дали се работи за анализа на протеини или унапредување на математиката.

„Примената на машинското учење и вештачката интелигенција на клиничките податоци може да се искористи за да се развијат подобри третмани за болести како КОВИД-19 и да им се помогне на лекарите од критична нега да лекуваат болни пациенти“, вели Кетрин Гао, исто така пулмолог на Универзитетот Нортвестерн. (Сајнс Алерт)