Повеќето од најбогатите Швајцарци не го заработиле своето богатство


Најголемиот број богати Швајцарци го наследиле своето богатство, а само малцинство независно се збогатило, покажува најновото истражување.

Само осум отсто од 300-те најбогати Швајцарци сами го стекнале своето богатство, покажуваат податоците од студијата објавена од Швајцарскиот институт за економски истражувања (КОФ), пренесува Swissinfo.

Осум од десет богати Швајцарци го наследиле своето богатство, според истражувањето објавено од весникот Sontagskeitung.

Меѓу најбогатите 90 отсто се мажи, а учеството на жените се намалува.

Друго истражување вели дека има голема разлика во висината на наследствата, па така три четвртини од наследниците добиваат не повеќе од 100.000 швајцарски франци, додека само 1,5 отсто од нив наследуваат повеќе од милион франци, пренесува Танјуг.