Повеќе од половина метар снег на Попова Шапка – 58 сантиметри
Најниска минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка, три степени под нулата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Евидентирани биле 0 Целзиусови степени во Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 во Берово, 3 во Крива Паланка, Претор, 4 во Битола, Прилеп и Виница, 5 во Охрид, Тетово и Штип, 6 во Куманово и Велес, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Кавадарци, како и 8 во Демир Капија и Гевгелија.
До седум часот утрово, количината на врнежни за изминатите 24 часа изнесувала 10 литри на квадратен метар на Попова Шапка, 3 во Битола, Тетово и Куманово, 2 во Прилеп, Kрушево и Лазарополе, 1 во Ѓуриште, Пожар и Тополчани.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 58 сантиметри, а еден сантиметар во Крушево.
Синоптичарите најавуваат променливо облачно и посвежо време во текот на денов. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со слаби врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени.