Повеќе од 80 отсто од компаниите од индексот S&P 500 ги надминаа очекувањата за профит во вториот квартал


Компаниите чии акции се вклучени во американскиот индекс S&P 500 во вториот квартал од 2025 година постигнаа значително подобри резултати отколку што предвидуваа аналитичарите, објавија експертите на Голдман Сакс.

Од 92 проценти од компаниите што досега објавија извештаи, 81,6 проценти регистрираа заработка по акција (EPS) над консензуалните прогнози, а 60 проценти ги надминаа очекувањата за повеќе од една стандардна девијација, објавува Блумберг.

Просечната добивка по акција меѓу компаниите од индексот се зголеми за 11 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека аналитичарите во просек очекуваа раст од само четири проценти, пренесе Танјуг.