Повеќе од 24.000 новозаразени во САД


Американските центри за контрола и превенција на болести денес пријавиле 1.595.885 случаи на заразени од новиот корона вирус.

Бројот се зголеми за 24.268 случаи во однос на претходното пребројување. Бројот на починати порасна за 1.852 на 96.002, пренесува Ројтерс.

Соединетите држави се уште се први во светот по бројот на случаи. Постојат 1.119.878 активни пациенти, а 17.109 се во сериозна состојба.