Повеќе од 18 мртви и 40 исчезнати по превртување на туристички брод во Виетнам

Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денеска локалните медиуми.
Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил додека бил во посета на место на светското наследство на УНЕСКО.
-Туристичкиот брод „Чудесно море“ се превртел попладнево. Граничните чувари спасиле 12 лица и пронашле 18 тела.
Покраинските власти соопштија дека пронашле тела на тројца виетнамски државјани и спасиле десет лица, и дека потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.
Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по своите сино-зелени води и варовнички острови со тропски шуми.