Последната дебата меѓу Трамп и Бајден ја следеле 63 милиони луѓе


Околу 63 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во четвртокот вечерта, објави Си-Ен-Ен.

Првично беше објавено дека 55,2 милиони луѓе ја следеле дебатата, но во тој број не биле вклучени гледачите на кабелската мрежа.

За време на настанот во четвртокот, Бајден ги продолжи нападите врз Трамп, критикувајќи го начинот на кој сегашниот претседател на САД се бори против коронавирусот, додека Трамп одговори на обвинувањата за корупција против Бајден и неговото семејство.

Ова беше последно соочување на кандидатите пред претседателските избори на 3 ноември.

Најгледаната претседателска дебата во историјата на САД се одржа во 2016 година помеѓу Трамп и Хилари Клинтон, а ја следеа 84 милиони гледачи.