САД ќе ослободат дизел од резервите за да обезбеди снабдување за потребите за греење
Министерството за енергетика на САД сигнализираше дека има намера да ослободи околу една третина од своите стратешки резерви на дизел за да обезбеди стабилно снабдување за потребите за греење, во услови на пораст на цените поради прекините во снабдувањето во Персискиот Залив и приближувањето на зимата.
САД чуваат милион барели дизел, дестилат со ултра ниска содржина на сулфур, во залихи во државите Мејн, Масачусетс и Конектикат.
Во среда, Министерството за енергетика објави дека ќе ослободи 315.000 барели од стратешките резерви во процес на јавен тендер во кој бензинските пумпи и операторите на терминали можат да учествуваат за да достават дизел во областите што се борат со недостиг.
Испораките треба да бидат завршени до 13 ноември, според Ројтерс.
Владата ќе процени дали ќе треба да ослободи повеќе барели од залихите, изјави извор од Министерството за енергетика за Ројтерс под услов да остане анонимен.
Околу една третина од домаќинствата во Нова Англија користат дизел за греење, а речиси половина во Мејн, според Ројтерс.
Порастот на цените на горивата е жешка тема пред изборите за Конгресот што ќе се одржат на почетокот на ноември.
Во септември, дизелот беше за дури 74,2 проценти поскап отколку во истиот месец минатата година, според извештајот за инфлација на Министерството за труд, а бензинот беше за 34,2 проценти поскап. Августовскиот извештај, исто така, покажува скок на цените на годишна основа, за 52,0 проценти и 27,4 проценти, соодветно.
Владата „прави сè што е во нејзина моќ за да ги ублажи трошоците за енергија“, рече американскиот државен секретар Крис Рајт.
За да ги ограничи цените, Вашингтон веќе ослободи 172 милиони барели сурова нафта од стратешките резерви, а нивното ниво во моментов е најниско од 1982 година.
САД не ослободија дизел од стратешките резерви поради прекини во снабдувањето за потреби за греење. Дизел со ултра ниска содржина на сулфур беше ставен на пазарот за транспорт и цели за производство на енергија како дел од итни мерки по ураганот Сенди во 2012 година, според веб-страницата на американскиот Конгрес.