Посетата на Петков на Скопје се одложува откако замина во изолација

Посетата се одложува, но не се откажува, соопштија од бугарската влада


 

Поради тоа што е во самоизолација бугарскиот премиер Кирил Петков нема да допатува во Скопје на 18 јануари како што беше планирано. Од прес-центарот на бугарската влада за БНТ соопштија дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога.

Премиерот Петков и претседателот Румен Радев заминаа во изолација откако вчера по седницата на Советот за национална безбедност претседателот на собранието, Никола Минчев, соопшти дека е позитивен на корона вирус. Некои од другите учесници на средбата објавија дека нема да одат во самоизолација.

Освен Петков, во изолација е и шефот на неговиот кабинет Лена Бориславова. Неговите јавни обврски во државата ќе ги извршува вицепремиерката Калина Константинова.

Според соопштението од владата, Петков ќе работел од дистанца и е во постојан контакт со сите членови на владата.