Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Милатовиќ


Фото: Б. Грданоски

Денеска и утре (вторник и среда), во официјална посета на Северна Македонија ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на движење во централното градско подрачје на Скопје.

Од Министерство за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.