Портрет на Зафир Хаџиманов во македонскиот КИЦ во Белград


Фото: Б. Грданоски

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград во своите простории, вечерва во 19 часот, организира музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов.

Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање на големиот бард на културата – Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што ѝ го остави како на македонската така и на српската култура.

– Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазици – знаеше често да каже Зафир во своите интервјуа за српските и за македонските медиуми.

Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов ќе започне со неколку одбрани музички инсерти и со грст фотографии, меѓу кои неколку и првпат јавно презентирани, а ќе продолжи со интимен концерт, кој му е посветен нему, со неговите најблиски, Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.

Портретот на Зафир Хаџиманов е инициран и организиран од македонскиот КИЦ во Белград и поддржан од Министерството за култура и туризам.