Поранешниот градоначалник на Кочани, Папазов, оди во куќен притвор

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“ оди во куќен притвор, заедно со уште тројца за кои обвинителството барало замена на мерката. Освен Папазов, кој поднесе оставка неколку дена по трагедијата во куќен притвор оди и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, еден инспектор оттаму и член на обезбедувањето.
И претходниците на Папазов на функцијата, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев се во домашен притвор. На поранешниот министер за економија Крешник Бектеши му е продолжен притворот за уште 30 дена.
Другите поранешни осомничени министри за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се во куќен притвор, а за Дритон Кучи има мерки за претпазливост. Судот во Кочани ги разгледува и жалбите на 12 осомничени.