Поради сообраќајка со жртва пренасочен сообраќајот на патот Битола – Прилеп


Поради случена сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пума на „Макпетрол“.

Како што информира АМСМ, од 20:10 часот сообраќајот е пренасочен по стариот пат од Битола кон Прилеп.