Пoради силен ветар не работи жичницата до Водно!
ЈСП Скопје информираше дека жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер.
Како што посочи Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје засилениот ветер ги надминува дозволените безбедносни граници и затоа жичницата е ставена вон функција.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници“, велат од ЈСП и воедно апелираат до граѓаните на разбирање.