Поради пожарот онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
– Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови, се вели во соопштението од МОН.