Поради дефект, Лисиче е без вода


Без вода денеска од 8:00 часот се корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов – Силни“ и „Хаџи Трајко“ во населбата Лисиче.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект од Ф-2цол на ул.„Горно Лисиче“ 28 во населбата Лисиче.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.