Поплави во Австралија: Се урна мост, почина жена по превртување на чамец за спасување
Зголемувањето на нивото на водата продолжи утринава во североисточна Австралија, која за време на викендот беше погодена од поплави кои доведоа до евакуација на повеќе од 2.000 жители од нивните домови, уривање на мост и прекин на електричната енергија во околу десет илјади домаќинства.
„Ќе имаме дождови и широко распространети грмотевици низ поголемиот дел од северниот дел на Квинсленд“, предупреди премиерот на државата Дејвид Крисафули на денешната прес-конференција.
„Подготвени сме да се соочиме со изгледите за повеќе дожд и можноста за нови поплави“, додаде тој.
Според него, службите за итни случаи извршиле 11 „спасувачки операции“ во текот на ноќта, а неколку области на Таунсвил, популарна приморска туристичка дестинација лоцирана во близина на Големиот корален гребен, биле прогласени за „црна зона“.
Властите побараа од 2.100 жители на заедницата да ја напуштат областа за време на викендот, но околу 10% од нив одбија, според официјалните лица на службите за итни случаи.
Нивото на водата порасна и до еден метар во текот на викендот во некои делови на Квинсленд. Водите однесоа дел од бетонски мост, отсекувајќи го главниот крајбрежен пат во државата, автопатот Брус.
Bruce Highway bridge collapse cuts off flooded north Queensland https://t.co/TJZwt6o86S via @ABCaustralia
— 💧Bee Legalise Cannabis Party Senate Candidate QLD (@BelindaJones68) February 3, 2025
Шеесетгодишна жена почина во неделата кога чамецот за спасување во кој се наоѓала се превртел во руралното гратче Ингам погодено од поплавите, на околу 100 километри северозападно од Таунсвил, соопшти полицијата.
Речиси 11.000 домаќинства денеска останаа без струја во северен Квинсленд, соопшти комуналната компанија Ергон Енерџи.