Поплавени туристичките раеви Коста Бланка и Аликанте во Шпанија, на удар и Ибица


Бурата „Алис“, која почнала да беснее во 10 часот утрово во Шпанија, може да ги преплави Коста Бланка и други медитерански региони, со врнежи над 140 милиметри за само 12 часа.

Црвениот аларм за опасност од поплави во туристичкиот рај Аликанте не е само предупредување, туку ехо од минатогодишниот хорор во кој загинале 220 луѓе, јави „Дејли меил“. Бурата потенцијално може да предизвика хаос во Западна Европа.

Меѓутоа, не е погоден само Аликанте. Временските прогнози предвидуваат удари и врз Мурсија и Балеарските Острови. Метеоролошката служба AEMET соопштила:

„Огромна опасност. Можни се поплави и поројни бранови. Следете ги упатствата на цивилната заштита“.

Портокалово предупредување важи и за островот Ибица, каде што службите за итни случаи се подготвени за ново невреме. Бурата најверојатно ќе трае до понеделник, 13 октомври, носејќи опасност за рамничарските области, потоци и клисури.

Ова не е првпат овој дел од Шпанија да биде погоден. Минатата година истиот регион доживеа катастрофални поплави, што предизвикаa протести и јавна осуда кон властите поради ненавремени предупредувања. Само минатиот месец, силни дождови повторно го нарушиja секојдневието – затворени беа училишта, блокирани патишта и железници, и поплавувени беа локални населби.