Поплавени објекти во Облешево


Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали предизвикаа проблеми на земјоделците Чешиново-Облешево. Попавени им се дворовите и фармите по неколкудневното врнење. Мештаните вината освен во природата ја бараат и во сопствената, но и во неодговорноста на надлежните. 

Најголемата брана во регионот Калиманци која што во изминатиот период беше под нивото се полни. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во Кумановскиот регион.

Во изминатите 24 часа наврна големо количство дожд, што дополнително придонесе за зголемување на нивото кај сите водотеци и езера ширум земјата. И во наредните денови се очекува дожд.