Полска не дава нејзините системи „Патриот“ да се префрлат на Блискиот Исток


 

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави дека батериите за воздушна одбрана „Патриот“ на земјата нема да бидат преместени никаде откако во медиумски извештај се тврдеше дека американските претставници неформално ѝ предложиле на полската влада да размисли за преместување на една од нив на Блискиот Исток.

Весникот „Жечпосполита“ објави дека САД „ја испитувале“ Полска за преместување на една од двете батерии „Патриот“ во полска сопственост на Блискиот Исток.

Портпаролот на полското министерство за одбрана го негираше извештајот на весникот, велејќи „Американците не вршат никаков притисок врз [нас] по овие прашања“.

Виеслав Кукула, началник на Генералштабот на полските вооружени сили, исто така го негираше тоа на Икс, велејќи „Никој не го бара тоа“.

Весникот одделно сугерираше дека идните испораки на договорени американски пресретнувачки ракети за Полска би можеле да бидат погодени од доцнења предизвикани од војната во Иран; повторно, тврдење негирано од портпаролот на армијата.

Во објава на Икс, Косињак-Камиш рече:

„Нашите батерии ‘Патриот’ и нивното вооружување се користат за заштита на полското небо и источното крило на НАТО. Ништо не се менува во овој поглед и не планираме да ги преместуваме никаде. Нашите сојузници добро знаат и разбираат колку се важни задачите што ги имаме тука. Безбедноста на Полска е апсолутен приоритет“.

Во меѓувреме, Франција не му дозволи на Израел да го користи нејзиниот воздушен простор за транспорт на американско оружје што ќе се користи во војната против Иран, изјавија за Ројтерс во вторник западен дипломат и два извори запознаени со ова прашање.

Изворите рекоа дека одбивањето, кое се случи за време на викендот, е прв пат Франција да го стори тоа од почетокот на конфликтот во Иран.

Ниту француското претседателство ниту Министерството за надворешни работи не беа веднаш достапни за коментар.

Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш се сврте кон критикување на Франција во неговиот последен испад на социјалните медиуми.

Во објава на Truth Social, тој рече:

„Франција не дозволува авиони упатени кон Израел, полни со воена опрема, да летаат над француска територија. Франција беше МНОГУ БЕЗ ПМОШ во однос на ‘Касапот од Иран’, кој беше успешно елиминиран! САД ќе ПАМЕТАТ!!! Претседател ДЏТ“.