Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 72 лица
Во текот на изминатото деноноќие во државава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, при што биле приведени 59 лица, а за останатите ќе следуваат соодветни мерки.
Според статистиката на МВР, на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.
-Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација, информираат од МВР.