Полициска акција на Табановце, имало апсења
Полицијата и Јавното обвинителство спроведуваат заедничка акција на граничниот премин Табановце, соопштија од МВР.
– МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“, информираа од МВР, најавувајќи детали за акцијата за утрешниот ден. Според неофицијални информации се апселе службеници на граничниот премин заради корупција. Акцијата траела повеќе од три часа.
Во меѓувреме на Граничниот премин „Табановце“ според граѓани кои се враќаат во државата, има метеж. Од аматерските видеоснимки и фотографии може да се забележат долги колони автомобили и нервозни граѓани.
И викендов како што претходно објави МИА имаше значителна фреквенција на граѓани, пред сè македонски државјани, кои поради празниците се враќаат во земјава.