Полицијата врши претреси по поништените избори во Романија
Еден ден откако Уставниот суд на Романија ги поништи неодамнешните избори поради сомнежи за руско мешање, полицијата утрово изврши претреси како дел од истрагата за нерегуларности за време на поништениот прв круг од претседателските избори на кои победи кандидатот на екстремната десница Калин Георгеску.
Во рамките на ЕУ, последните големи поништени избори беа во 2016 година во Австрија, кога требаше да се повтори вториот круг од претседателските избори поради нерегуларности во пребројувањето на гласовите, но не беше откриена измама.
Романските тајни служби повлекоа паралели со претходните напори за мешање на руските избори во Европа и издвоија 25.000 сметки на TikTok како директно поврзани со кампањата на Георгеску која „стана исклучително активна две недели пред изборите“.Службите издвоиле и една сметка која му припаѓала на дотогаш непознатиот Богдан Пешир, кој од 24 октомври до 24 ноември исплатил 381.000 долари на интернет корисници кои придонесуваат за промоција на тој кандидат .
Не е јасен изворот на богатството на овој човек кој работел во компании поврзани со крипто валути. Тој ја спореди својата поддршка на Калин Георгеску со поддршката што Елон Маск му ја даде на неодамна избраниот иден претседател на САД, Доналд Трамп кој даваше и милион долари преку неговата мрежа Х на тие што ќе го поддршат за претседател што е современа верзија на изборен поткуп и ја претвори демократијата во берза. Од штабот на Георгеску одбија да ги коментираат денешните претреси.
Георгеску неочекувано го освои првото место во првиот изборен круг во ноември 204 година, на изненадување на сите пред фаворитите од најголемите партии. Тој го оцени поништувањето на изборите како „еден вид државен удар“.Тој во неделата во вториот круг требаше да се соочи со проевропската центристичка кандидатка Елена Ласкони.Таа, исто така, рече дека гласањето требало да се одржи и ја осуди „незаконската одлука“ на Уставниот суд, за која смета дека ја „штети на демократијата“.
Проевропскиот претседател на Романија, Клаус Јоханис, сепак, ја поздрави одлуката на Уставниот суд. Тој ќе остане на функцијата до изборот на неговиот наследник на таа функција.