Полицијата во Хонгконг употреби солзавец за да ги растера демонстрантите
Полицијата во Хонгконг денеска употреби солзавец за да ги растера учесниците на протестите во густо населеното подрачје Каулун во Монг Кок, додека маскирани демонстранти се собраа да се придружат на луѓето, кои под маски слават Ноќ на вештерките.
Демонстрантите, облечени претежно во црно, со маски на лицата, клечеа на патот скриени зад чадори, протестирајќи поради полициската бруталност со демонстрантите пред два месеца.
Многумина од нив вперија ласери кон полицајците, додека други поставуваа барикади на улиците од канти за ѓубре и друг отпад.
Многумина од нив вперија ласери кон полицајците, додека други поставуваа барикади на улиците од канти за ѓубре и друг отпад.
Демонстрантите се собраа во паркот Викторија за да маршираат по улиците.
Полицијата го забрани маршот и соопшти дека ќе ги затвори патиштата.
Полицијата го забрани маршот и соопшти дека ќе ги затвори патиштата.