Полицијата спаси жена што се фрли во Вардар


 
Денеска околу 14 часот полицијата интервенираше и спаси жена што се фрли во водите на реката Вардар во Скопје.Според информациите од СВР Скопје, пријавата била примена за лице во реката Вардар, под мостот на улицата „Војвода Васил Чакаларов“. Веднаш по пријавата, полициски службеници од ПС Карпош пристигнале на местото на настанот и утврдиле дека жената дава знаци на живот.

 

Таа била извадена од реката од страна на полициските службеници и веднаш пренесена со Итна медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Засега нема дополнителни информации за причините поради кои жената се фрлила во реката, а надлежните продолжуваат со постапките.