Полицијата санкционира 177 возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што територијата на Општина Центар се изречени вкупно 177 мерки.
Како што информира МВР, од вкупно 177-те изречени снакции, 21 се за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила, пет за минување на црвено светло и 10 за зборување на мобилен телефон.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението на МВР.