Полицијата фатила возач со 4,07 промили алкохол во крвта


 

На подрачјето на с. Перово, ресенско, полицијата вчера запрела возач кај кој  биле измерени дури  4,07 промили алкохол. Тој е еден од седумте возачи во овој регион што возеле во алкохолизирана состојба и за што им биле изречени санкции.

Вкупно, на територија СВР Битола вчера биле изречени  59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола и  7 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, а една мерка за некористење на сигурносен појас. Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.