Полицаец со службениот пиштол случајно се застрелал во раката


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката. Инцидентот се случил веднаш по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров,

„Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување“, информира МВР.